Достапни линкови

Њу Делхи верува дека киднапираните Индијци во Ирак се живи


Архивска фотографија: Индиската министерка за надворешни работи Сушма Свараџ.

Архивска фотографија: Индиската министерка за надворешни работи Сушма Свараџ.

Индиската влада денеска објави дека верува дека 39 индиски работници, коишто беа киднапирани од Исламската држава во јуни во Ирак, се сè уште живи, и покрај тврдењата дека биле убиени. Нема докази дека работниците што беа киднапирани во Мосул се мртви и владата продолжува со напорите да ги лоцира, рече индиската министерка за надворешни работи Сушма Свараџ пред парламентот.

Еден Индиец, кој тврди дека избегал од групата, во вчерашното телевизиско интервју рече дека заложниците биле одведени во една шума и застрелани.

Свараџ, пак, ги отфрли ваквите тврдења, велејќи дека приказната има контрадикции. Тој рече дека владата не е во директен контакт со киднапираните и нема информации каде се наоѓаат.

Во Ирак живеат и работат околу 10 илјади Индијци. Многумина од нив кои беа вработени во немирните области беа евакуирани од страна на индиската влада во изминатите месеци.

XS
SM
MD
LG