Достапни линкови

logo-print

Фокус: Тајна фабрика за изработка на пасоши


Неделникот „Фокус“ во новиот број објави фотографии и видео снимка од непозната локација на која се правеле македонски пасоши. „Фокус“ информира дека вчера ја доставил снимката до Јавното обвинителство.

Според неделникот, анонимен граѓанин доставил ексклузивен видео материјал и 14 фотографии од приватен стан или куќа, каде рачно се изработувале пасоши кои можеле да бидат употребени за изборни цели.

Неделникот „Фокус“ објавува фотографии и видео и наведува декана подот во просторијата има неколку картонски кутии во кои педантно се наредени стотици патни исправи.

„На подот се забележуваат остатоци од хартија која вработените ја сечеле за да ги подготват внатрешните страници на пасошите. Може да се забележат две машини за сечење и за лепење со кои може да се претпостави дека ги обработувале страниците. На една маса стои печат со перниче во мастило. Како таквиот печат завршил во приватен дом, чиј е, дали има отисок од МВР, дали е оригинал или фалсификуван“, прашува неделникот Фокус.

XS
SM
MD
LG