Достапни линкови

logo-print

Британија не сака имигранти од ЕУ


Дозволете ни да ја намалиме социјалната помош за имигрантите или Британија ќе ја напушти Европската унија. Ова е денешната порака на британскиот премиер Дејвид Камерон.

Британското останување во Европската унија е во зависност со дозволата да бидат запрени имигрантите од Унијата да го злоупотребуваат великодушниот социјален систем, предупредува британскиот премиер во денешниот говор кој е замислен да му даде нов здив на неговата кампања за реизбор во мај идната година.

Според него, имигрантите кои работат во Британија би требало да чекаат четири години пред да можат да ги користат социјалните погодности.

Оние што нема да работат, пак, нема да добиваат никаква социјална помош.

Ќе преговарам за намалување на имиграцијата од Европската унија и за реформи во социјалниот систем. Доколку нашите барања не бидат прифатени ние не ќе можеме нашите односи со Унијата да ги поставиме врз подобра основа и тогаш не исклучувам ништо.

Со анкетите кои покажуваат дека британските гласачи најмногу се загрижени од имиграцијата, Камерон е под притисок да преземе поцврста линија во врска со ова прашање.

Многу пратеници од неговата Конзервативна партија страхуваат од растечката популарност на Независната партија која е против Европската унија.

Оваа партија, неодамна доби уште едно место во британскиот парламент и претставува закана за конзервативците.

Предложените нови мерки најверојатно ќе ги загрижи некои членки на Унијата како Полска, која смета дека тие се дискриминирачки.

Сепак, според некои посматрачи, новите мерки не го доведуваат под прашалник правото за слободно движење и работа во Европската унија, бидејќи со нив не се воведуваат некакви квоти на имигранти во Британија.

Камерон вети дека ако биде избран, тој ќе почне преговори за преразгледување на британските врски со Европската унија, а дури потоа, односно во 2017, ќе организира референдум на кој Британците ќе се изјаснуваат дали сакаат да останат или да излезат од Унијата.

„Ќе преговарам за намалување на имиграцијата од Европската унија и за реформи во социјалниот систем. Ако успеам, јас ќе заговарам задржување на оваа земја во реформирана Европска унија. Доколку нашите барања не бидат прифатени ние не ќе можеме нашите односи со Унијата да ги поставиме врз подобра основа и тогаш не исклучувам ништо“, рече Камерон.

наведува Камерон, додавајќи дека би сакал предложените промени да бидат имплементирани во целата Унија.

Ако неговите предлози бидат спроведени тогаш Британија ќе стане неатрактивно место за евро имигрантите кои о и онака работат за мали плати.

Социјалната помош за децата на овие имигранти кои живеат надвор од Британија ќе биде запрена, а доколку некој имигрант за шест месеци не може да најде работа ќе биде принуден да ја напушти земјата.

Според сегашните правила, сите граѓани на Европската унија можат да работат каде што сакаат во рамките на Унијата. Секако најпривлечна е Британија чија економија е една од најразвиените во Унијата.

Според последните податоци, од почеток на годинава до јуни во Британија се преселиленад 228 илјади граѓани од другите земји на Европската унија. Тоа е најмногу досега.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG