Достапни линкови

Вучиќ ја осуди резолуцијата на ЕП за Шешељ


Српскиот премиер Александар Вучиќ

Српскиот премиер Александар Вучиќ

Српскиот премиер Александар Вучиќ ја осуди резолуцијата на Европскиот парламент со која Хашкиот трибунал се повикува да го преиспита привременото пуштање на лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ, а српските власти да се оградат од неговите изјави. Премиерот Вучиќ, кој своевремено му беше близок сојузник на Шешељ оцени дека резолуцијата била навредлива, вознемирувачка и разочарувачка за Србија. Евро парламентарците во резолуцијата изразуваат загриженост бидејќи недостигала политичка и правна реакција на српската влада на однесувањето на Шешељ, односно неговите повици за Голема Србија. Тој во почетокот на месецов поради здравствени причини беше пуштен од Хашкиот трибунал.

XS
SM
MD
LG