Достапни линкови

Саакашвили обвинет за соучество во убиство


Михаил Саакашвили

Михаил Саакашвили

Грузиското обвинителство покрена обвинување против поранешниот шеф на државата Михаил Саакашвили за соучество во убиството на банкарот Сандро Џиргвлијани во 2006 година. Тој беше пронајден мртов во близина на Тбилиси со повеќе повреди на неговото тело, откако претходно во еден бар се расправал со група високи функционери на Министерството за внатрешни работи. Ова убиство, како и неподготвеноста на властите да покренат истрага предизвика големи критики против тогашната влада. Саакашвили претходно е обвинет и за неколку други криминални дејства. Тој во моментот живее во само наметнат егзил во Соединетите држави.

XS
SM
MD
LG