Достапни линкови

ОПЕК реши да не го намали производството на нафта


Организацијата на земјите извознички на нафта реши да не го намалува производството и покрај огромната понуда на светските пазари. На состанокот во Виена била донесена одлука производството и натаму да остане 30 милиони барели нафта дневно. Со тоа Организацијата во која членуваат 12 земји се оглуши на барањата за намалување на производството со цел да се спречи натамошниот пад на цените на нафтата. Барелот нафта вчера се продаваше најевтино во последните четири години, околу 72 долара. Делегатите на ОПЕК се согласија наредниот нивен состанок да биде во јуни идната година.

XS
SM
MD
LG