Достапни линкови

Македонија калкулира меѓу ЕУ и Русија


Македонија може да ги загуби симпатиите од ЕУ, од друга страна не сака да ја има Русија како противник во надворешната политика.

Македонските власти се уште во јавноста не излегле со јасен став дали ќе бидат воведени санкции против Русија, поради нејзината улога во конфликтот во Украина. Засега тие игнорираат да ја следат праксата на Црна Гора и Албанија кои ја дадоа поддршката на ЕУ, по повикот и потенцијалните кандидати и земјите кандидати за членство да се приклучат на позицијата на Унијата за украинската криза.

Но за жал мислам дека нашата влада во овој однос калкулира, дури чудно е тоа што ние се уште немаме конкретен став, јавен став од владата дали ги прифаќаме тие одлуки, односно апелот од Европската унија или не го прифаќаме тоа и се однесуваме доста неприфатливо во однос на Eвропската унија.

Исмет Рамадани од Евроатланскиот совет на Македонија вели дека нема дилема оти македонските власти треба да ги почитуваат одлуките на ЕУ како земја кандидат за членство без двоумење и калкулации.

„Но за жал мислам дека нашата влада во овој однос калкулира, дури чудно е тоа што ние се уште немаме конкретен став, јавен став од владата дали ги прифаќаме тие одлуки, односно апелот од Европската унија или не го прифаќаме тоа и се однесуваме доста неприфатливо во однос на Eвропската унија“, вели Рамадани.

Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска политика вели дека Македонија мора да води сметка за своите интереси и во случајот е во незгодна ситуација, затоа што тие санкции би имале пред се политички последици.

Фактот дека ние сме во застој во евроинтегративниот процес, точно дека како држава кандидатка имаме обврски, но од друга страна ние не напредуваме во процесот.

„Тука две работи се земаат предвид, фактот дека ние сме во застој во евроинтегративниот процес, точно дека како држава кандидатка имаме обврски, но од друга страна ние не напредуваме во процесот. А вториот многу важен факт што македонската политика го зема предвид е прашањето на името, а во случајов Руската Федерација не има признаено пор уставно име и губењето на нејзината поддршка во однос на тоа прашање би било голем шамар за Република Македонија.“

Рамадани смета дека калкулациите на македонските власти по прашањето имаат политичка позадина, бидејќи има одредени структури кои се залагаат за политика поблиска до Русија.

„Што за мене е погрешна опција која би можела да биде евентуално, затоа што ние како мала земја воопшто не сме во ситуација да бидеме земја која може во иднина да диктира некаква политика или некаков однос во тоа што значи понатаму и однос ЕУ-Русија.“

Според Ристевска Јордановска, нема двоумење околу санкциите, туку повеќе се работи за став да не се крева прашина околу прашањето и да се помине побезболно и да не ја имаме и Русија како противник во надворешна политика. Според Рамадани пролонгирањето на санкциите ќе предизвика да се загубат симпатиите за европската иднина на Македонија и да се забави процесот.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG