Достапни линкови

Факултетите недостапни за битолскиот Студентскиот пленум


Новоформираниот Студентски пленум на битолскиот универзитет непожелен од факултетските управи. Состаноците ги држи под отворено небо.

Нови бранувања се случуваат меѓу студентите на Битолскиот универзитет. Покрај постоечкиот Студентски сојуз и парламент, битолските студенти одлучија да се организираат во Студентски пленум.

Постои хоризонтална структура, нема лидер, сите сме исто. Еден студент, еден глас. Прво функционира на принципот на директна демократија. Нема можност да се корумпира.
Борис Николевски, претставник на Студентскиот пленум од Битола.

Иако не им беше отворена вратата на ниеден факултет на универзитетот Св. Климент Охридски, тие своите средби ги одржаа пред факултетски згради. Ветија дека ни политиката, ни нечии други интереси нема да влијаат врз донесувањето на значајни одлуки за студените.

Илустрација: Студентски пленум во Скопје.
Илустрација: Студентски пленум во Скопје.

„Пленумот не е организација со класична хиерархија, каде има лидер и негови заменици. Не сме ние претставници на кои ќе им ја дадете довербата и ние потоа ќе ве претставуваме и ќе ја злоупотребиме вашата доверба. Постои хоризонтална структура, нема лидер, сите сме исто. Еден студент, еден глас. Прво функционира на принципот на директна демократија. Нема можност да се корумпира“, изјави Борис Николевски, претставник на пленумот.

Од Правниот факултет и Факултетот за нутриционизам бевме физички спречени, односно ни беше заклучена вратата. Од Правниот факултет добивме неформални одговори дека биле под различни притисоци.
Борис Николевски, претставник на Студентскиот пленум од Битола.

Досега три состаноци пленумот одржа под ведро небо. Иако тие доставиле официјални барања за користење на простории на факултетите, сепак тоа не им било дозволено.

„Официјално се обративме, но добивавме само неофицијални одговори. Од Правниот факултет и Факултетот за нутриционизам бевме физички спречени, односно ни беше заклучена вратата. Од Правниот факултет добивме неформални одговори дека биле под различни притисоци. До Техничкиот факултет колега наш дојде да достави барање, но службеното лице било на пат“, додаде Николевски.

Студентскиот пленум одлучи да се солидаризира со студентите од Скопје и незадоволството од воведувањето на екстерно тестирање или државен испит да го изрази преку протестен марш. Дополнително ќе одлучуваат кога ќе се случи протестот.

„Сметаме дека тоа е противуставно, дека со тоа се нарушуваат уставно загарантирани права, како што е правото на образование. Воопшто не е важно дали тоа ќе се вика екстерно тестирање или државен испит. Целта е иста“, посочува Николевски.

За ваквите случувања досега не се произнесле ни универзитетот, ни студентскиот сојуз и парламент.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG