Достапни линкови

logo-print

Руската рубља на ниво на македонскиот денар


Руската рубља достигна ново рекордно ниско ниво во однос на еврото и на американскиот долар, откако ОПЕК одлучи да не го намалува производството на нафта покрај презаситеноста на светските пазари. Рубљата загуби 3,6 отсто од вредноста и сега за еден американски долар се добиваат 48,66 рубљи повеќе, што е надминување за две копејки на претходното најниско ниво од 7 ноември. За едно евро, пак, се добиваат 60,92 рубљи. Околу половина од рускиот државен буџет доаѓа од извоз на енергенси. Рубљата изгуби околу 30 отсто од својата вредност годинава, најмногу поради западните санкции врз Русија поради нејзината вмешаност во кризата во источна Украина, но и поради падот на цената на нафтата на светски берзи. Денешната одлука на ОПЕК исто така предизвика пад на цените на нафтата на рекордно ниско ниво во последните четири години. Цената на суровата нафта од јуни годинава е намалена за една третина.

XS
SM
MD
LG