Достапни линкови

logo-print

Киднапирани 15 владини службеници во Авганистан


Илустрација.

Илустрација.

Најмалку 15 владини службеници синоќа биле киднапирани во провинцијата Кундуз во северен Авганистан, соопштуваат локалните власти. Вработените во царината во Шерхан Бандар биле киднапирани кога со возило се движеле кон главниот град на провинцијата. Нивниот возач се сомничи за поврзаност со талибанците. Полицијата соопшти дека киднапирањето било претходно планирано и оти во тек е операција за ослободување на заложниците.

XS
SM
MD
LG