Достапни линкови

Тридневен настан „Читаме : Луѓето ко книги, зградите ко луѓе“


Со идеја за заокружување на подолготрајниот проект „Живи библиотеки: архиви на граѓанска непослушност“ на кураторите Ивана Васева и Филип Јовановски, од 27 до 29 ноември, на неколку локации во градот како клубот ГЕМ, Младински културен центар, Агенција за сериозни интереси (СИА) и Мобилно монтажна галерија, ќе се одржи тридневниот настан насловен како „Читаме: Луѓето ко книги, зградите ко луѓе“ во чиј фокус е и Градскиот трговски центар во Скопје, еден од маркантните примери на загрозена архитектура под барокната опсада.

Подолготрајниот проект „Живи библиотеки: архиви на граѓанска непослушност“, на кураторите Ивана Васева и Филип Јовановски , во текот на 2014 година, се обиде да понуди простор за анализа и дискусија за различни проблеми во услови на радикални промени во социо-политичкиот контекст како: одново препрочитување на книгите, зградите, општествените контексти, враќање на силата на пишаниот збор и создавање на нов документ, всушност жива архива за одредени историски и општествени заборавени вредности.

А, тоа е читањето не само како читање на книги, туку повеќе како кревање на дискурси за теми којшто недоволно јасно се артикулираат во јавноста и недоволно се потегнуваат, а тоа отприлика значи и не само теми којшто се социолошко-политички туку и теми којшто се поврзани со самото образование.

Од таму актуелниот настан насловен како „Читаме: Луѓето ко книги, зградите ко луѓе“, кој патем е планирано да се одржи од 27 до 29 ноември на неколку локации во Скопје како клубот ГЕМ, Младински културен центар, Агенција за сериозни интереси (СИА) и Мобилно монтажна галерија, всушност претставува заумен обид за негово заокружување.

Него во основа го градат една поставка на која се претставени повеќе истражувачки проекти од Хрватска, Србија и од Македонија, дискусија околу неформалното образование и новите форми на самоедукација и конференцијата, или исчитувањето на тезите за важноста на зградата на Градскиот трговски центар во Скопје, којшто во последните години е уште еден од позначајните архитектонски примери со директна закана врз неговиот идентитет како дел од современото (модернистичко) културно наследство.

ГТЦ е многу повеќе од зграда, ама и зградата каква што е има огромна важност односно тоа е симбол на некакво модернистичко наследство во земјава. Така да, со самото тоа што е и дело на архитект кој што е еден од стожерите на македонската архитектура ( професорот Живко Поповски .н.з) претставува и некакво заштитено културно наследство.

„Важно ни е да зборуваме за некои теми за кои што сметаме дека се многу битни. Повторно да се отворат. Да се отворат пошироко, подлабоко и којшто се круцијални во овој конкретен момент. А, тоа е читањето не само како читање на книги, туку повеќе како кревање на дискурси за теми којшто недоволно јасно се артикулираат во јавноста и недоволно се потегнуваат, а тоа отприлика значи и не само теми којшто се социолошко-политички туку и теми којшто се поврзани со самото образование, односно зашто нештата се такви какви што се, а тоа можеби е резултат на некаков образовен процес“, истакнува во пресрет на случувањето кураторката Ивана Васева.

Тридневната програма започна со постановката во Галеријата на Агенција за сериозни интереси (СИА) каде под насловот „Обид за бегство од малцинството“ беа претставени : Кустоска платформа од Загреб, Ивана Мештров, Ана Ковачиќ, потоа групата А-БЕ-ЕС која делува на релација Загреб, Ријека, Крк, па Учителот Незнајко и неговите комитети од Белград, како и отворената архива на Даниел Серафимовски.

Вториот ден од овој настан ќе го одбележи отворената читачка група околу работатата на Кустоската платформа (разговорот кој е насловен као Работник Работничка / Уметник Уметничка), за да потем од 18 часот во клубот ГЕМ се одржи дискусија на тема „Читаме: Луѓето како книги“ во која учество ќе земат Владимир Милчин, Бранимир Стојановиќ, Искра Гешовска, Жарко Трајановски и Јовановски и Васева а чија цел е да ја разобличи политичката моќ на знаењето и тоа разгледувано од повеќе (историски) аспекти.

„Оваа дискусија тргнува од идејата дека доминантната политичка структура преку своите „капитални проекти“ на преведување и дистрибуирање „врвна“ литература манифестира силни позиции на моќ и полесна контрола врз младите генерации отколку стручно, систематско и стратегиско вложување во образованието и знаењето како и запознавање со општествените проблеми, нивно анализирање и критичко промислување кое треба да доведе до промени во општеството“ ќе забележат организаторите во програмата за настанот.

Во сабота, пак, е предвидено да се случи и исклучително значајниот момент од овој тридневен настан . Во Младински културен центар, со почеток во 12 часот, е планирано да се одржи конференцијата која под насловот „Читаме згради: ГТЦ како книга“ ќе се обиде да го протолкува значењето и вредноста на овој модернистички објект кој е предвидено наредната година да добиебарокизиран лик. Истовремено планирано е да биде продуцирана нова книга „111 тези за ГТЦ“ која ќе ги опфати јавните мислења и читања во 11 тези од 10 значајни мислители на современатата архитектонска сцена во нашава земја .

Од таму кураторката Васева истакнува дека читајќи ја оваа зграда јавно, тие всушност ќе се обидат наново да го потенцираат, преиспитаат и заштитат нејзиното несомнено културолошко , општествено и уметничко значење во еден широк историски период.

„ГТЦ е многу повеќе од зграда, ама и зградата каква што е има огромна важност односно тоа е симбол на некакво модернистичко наследство во земјава. Така да, со самото тоа што е и дело на архитект кој што е еден од стожерите на македонската архитектура ( професорот Живко Поповски .н.з) претставува и некакво заштитено културно наследство. Да се промени таква зграда прво е небулозно, а второ дури и да постои таква идеја мора да се знае што точно значи ГТЦ и зошто не смее да се менува. “

Настанот ЧИТАМЕ: ЛУЃЕТО КО КНИГИ, ЗГРАДИТЕ КО ЛУЃЕ, односно целиот проект „ЖИВИ БИБЛИОТЕКИ: архиви на граѓанска непослушност“ е поддржан од Фондацијата отворено општество - Македонија (ФООМ).

Партнери на настанот во Скопје се Центарот за современа уметност од Скопје, Агенција за сериозни интереси (СИА) и регионалната мрежа BCC-Balcan Can Contemporary.

  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG