Достапни линкови

logo-print

Молдавија без „безбедносен чадор“


Молдавскиот премиер Јурие Леанка.

Молдавскиот премиер Јурие Леанка.

Прозападниот молдавски премиер Јурие Леанка изјави дека неговата земја, која е неутрална, нема „безбедносен чадор“, но не кажа дека треба да влезе во НАТО. Во денешното интервју за молдавскиот сервис на Радио Слободна Европа, тој вели дека конфликтот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во источна Украина ги уништил плановите за нова „безбедносна архитектура“ која би ги вклучила членките на НАТО, Русија и неутралните земји како Молдавија. На 30 ноември во Молдавија се одржуваат избори, на кои граѓаните на оваа поранешна советска република ќе гласаат дали да го задржат сегашниот проевропски курс или повторно да се приклонат кон Русија. Анкетите покажуваат дека мнозинството Молдавци не сакаат нивната земја да влезе во НАТО и ова прашање не беше меѓу битните во изборната кампања.

XS
SM
MD
LG