Достапни линкови

Голема експлозија во дипломатска област во Кабул


Илустрација.

Илустрација.

Голема експлозија ја потресе дипломатска област во Кабул вечерва, по што избила престрелка. Експлозијата се случила во областа Вазир Акбар Хан, каде што се сместени многу амбасади и странски објекти. Изутрината, пак, најмалку петмина авганистански цивили и еден британски стражар загинаа, а околу 33 цивили и друг британски чувар се ранети во самоубиствен бомбашки напад врз возило на британската амбасада во Кабул. Според полицијата, нападот се случил кога во близина на британското возило, експлодирал друг автомобил. Талибанските напади во Кабул зачестија, откако меѓународните сили го намалија своето воено присуство.

XS
SM
MD
LG