Достапни линкови

Европскиот парламент со резолуција против Исламската држава


Европскиот парламент „со најсилни можни зборови“ го осуди систематското кршење на човековите права од страна на Исламската држава и другите поврзани терористички организации. Резолуцијата беше поддржана од сите главни политички партии. Парламентот исто така ја повика ирачката влада да го ратификува Римскиот статут, односно документот за формирање на Меѓународниот трибунал за воени злосторства, за овој суд да може да ги процесуира злосторствата против човештвото извршени од Исламската држава.

XS
SM
MD
LG