Достапни линкови

logo-print

Ајатолахот Али Хамнеи не е против „нуклеарните“ разговори


Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, денеска изјави дека не е против продолжување на разговорите меѓу Техеран и шесте светски сили за иранската нуклеарна програма. Тој исто така вели дека САД, а не Иран, ќе бидат најголемиот губитник ако разговорите пропаднат. Иран од една страна и САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија од друга, не успеаја да најдат трајно решение за 12-годишниот спор за иранската нуклеарна програма до 24 ноември, кој беше поставен како краен рок и го продолжија времето за постигнување договор до крајот на јуни наредната година. Западот се сомнева дека Иран тајно се обидува да произведе атомска бомба, но Техеран негира.

XS
SM
MD
LG