Достапни линкови

САД згрозени од нападите на сирискиот режим во Рака


Соединетите држави изразија згрозеност од воздушните напади на сирискиот режим врз позиции на милитантите на Исламската држава во градот Рака. Активисти јавија дека во нападите извршени на 26 ноември биле убиени стотина луѓе, од кои најмалку половината биле цивили. Стејт департментот ги осуди нападите наведувајќи дека режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад не ги ценел човечките животи. Портпаролот Џен Псаки оцени дека Асад нема право да владее. Соединетите држави и 60 други земји се борат против милитантите на Исламската држава кои имаат освоено големи територии во Ирак и Сирија.

XS
SM
MD
LG