Достапни линкови

Потсекретарот на ОН за хуманитарни прашања се повлекува


Валери Амос

Валери Амос

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун најави дека потсекретарот за хуманитарни прашања Валери Амос има намера да се повлече, по четири години на оваа функција. Притоа тој не ги наведе причините за нејзиното повлекување. Амос ќе остане на должност до март идната година за кое време треба да биде наименуван нејзин наследник. 60 годишната Валери Амос е членка на британскиот Дом на лордовите и пред да стане потсекретар за хуманитарни прашања беше висок комесар на Велика Британија во Австралија.

XS
SM
MD
LG