Достапни линкови

Прва седница на новиот украински парламент


Петро Порошенко и Арсениј Јацењук

Петро Порошенко и Арсениј Јацењук

Новиот парламент на Украина денеска ќе ја одржи првата седница по изборите во октомври годинава кога победија прозападните партии предводени од Блокот на претседателот Петро Порошенко и Народниот фронт на премиерот Арсениј Јацењук. И покрај согласноста за коалициска влада, овие партии се уште не можат да се договорат за составот на новата влада. Аналитичарите велат дека главна причина за тоа е ривалството меѓу Порошенко и Јацењук околу клучните министерски позиции. Соединетите држави и западните влади го критикуваа Киев за неуспехот да формира влада која ќе ги продолжи реформите во земјата.

XS
SM
MD
LG