Достапни линкови

Демонстранти во градското собрание на Сент Луис


Неколкумина демонстранти влегле во градското собрание на Сент Луис додека продолжуваат протестите по одлуката на големата порота да не покрене обвинување против полицаецот кој уби едно црно момче во Фергусон. Полицијата соопшти дека уапсила неколку лица кои изведувале судење против Дарен Вилсон кој го уби 18 годишниот Мајкл Браун во август годинава. Гувернерот на Мисури Џеј Никсон распореди околу 2 илјади и 200 припадници на Националната гарда околу Фергусон. Русија вчера оцени дека нередите во Фергусон и протестите во Соединетите држави се доказ дека критичарите на Москва во Вашингтон се лицемерни и не се во позиција да и држат лекции за човековите права.

XS
SM
MD
LG