Достапни линкови

logo-print

(Не)реална развојната програма за Куманово


Архивска фотографија: Седница на Совет на Општина Куманово.

Архивска фотографија: Седница на Совет на Општина Куманово.

Локалната опозиција во Куманово критикува дека планот за развој за наредната година е предимензиониран и нереален. Градоначалникот Зоран Дамјановски, пак, вели дека мора да се почитуваат заложбите на граѓаните.

Планот за развој за наредната година, предложен од градоначалникот и локалната администрација во Куманово, а усвоен од мнозинството советници, според опозицијата повторно е предимензиониран и нереален. Според градоначалникот Зоран Дамјановски, пак, во очекување на Законот за експропријација има надеж проблемот со сопствениците да се надмине и да започне реализација на дел од капиталните инвестиции.

На еден од последните состаноци, ако добро разбрав и ако добро го интерпретирам, градоначалникот рече дека е важно планот да биде развоен, а ќе оствариме колку можеме. Размислувањето малку е зачудувачко.

„Габаритот на програмата е голем. Тоа е факт. Меѓутоа некои се почнати, некои се во процес на проектирање, издавање дозволи и процесуирање. Тоа е резултат на средби со граѓаните, месни заедници, групи граѓани, петиции за изградба на инфраструктурата“, рече тој.

Јовица Станковски, опозициски советник во Општина Куманово.

Јовица Станковски, опозициски советник во Општина Куманово.

Дамјановски додава дека овие програми се поставени на основа на финансирање во 2015, 2016 и 2017-та година.

Габаритот на програмата е голем. Тоа е факт. Меѓутоа некои се почнати, некои се во процес на проектирање, издавање дозволи и процесуирање. Тоа е резултат на средби со граѓаните, месни заедници, групи граѓани, петиции за изградба на инфраструктурата.

„Развојната програма, одговорно тврдам, е за 30 отсто помала во однос на претходната година. Не во број на проекти, туку во начин на изведба и нивно плаќање, односно завршување на целосната финансиска конструкција. Можеби проектите се побројни, но не се поголеми во однос на лани“, вели Дамјановски.

Опозициските советници критички настроени кон програмата велат дека се согласуваат да се задоволат потребите на граѓаните, меѓутоа сметаат дека таа треба да биде реална.

„Хартијата трпи сè. Ние можеме да усвоиме план и на плоштадот да градиме Ајфелова кула. Меѓутоа, планот треба да го сведеме на реални основи, она што можеме да го реализираме. Нашата интенција е да не правиме план на желби, туку на реални основи“, забележува Драган Петковски од Коалицијата за подобра Македонија.

Мирослав Стојановски од истата коалиција додава дека има проекти предвидени во 90–те години од минатиот век, кои не биле реализирани, а кои се поместени и во оваа програма.

„Дали проблемот е во моментално намалување на желбите на граѓаните или предизборни ветувања, за кои однапред знаеме дека не можат да се реализираат“ вели тој.

„Проектирани изградба на комунална инфраструктура, улици, тротоари, реконструкција на водоводна, фекална, атмосферска канализација, семафорска сигнализација, регулирање на речно корито, спортска сала, подземни гаражи и што уште не. Многу амбициозни проекти. На еден од последните состаноци, ако добро разбрав и ако добро го интерпретирам, градоначалникот рече дека е важно планот да биде развоен, а ќе оствариме колку можеме. Размислувањето малку е зачудувачко“, вели Јовица Станковски од локалната опозиција, на што градоначалникот Дамјановски наведува дека забелешките од опозицијата, како што на пример е изградба на мост во населбата Долно Коњаре, се планирани и мора да се реализираат поради барање од граѓаните.

„Од таа позиција сме присилени да ги почитуваме заложбите на граѓаните и да мораме да ги решаваме тие проблеми“, меѓу другото појаснува Дамјановски.

Локалната самоуправа минатата година реализирала најголем дел од инфраструктурни, бидејќи поради финансиската состојба изградба на капитални објекти е забавена или стопирана.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG