Достапни линкови

Седум лица во Бугарија обвинети за пропагирање исламизам


Илустрација.

Илустрација.

Бугарското Јавно обвинителство покрена обвиненија против седум лица за пропагирање на „антидемократската идеологија на Исламската држава“, соопшти денеска заменикот јавен обвинител на Бугарија, Борислав Сарафов. Според Обвинителството, како што јави БТА, тие биле дел од организирана криминална група, предводена од имамот на џамијата во Пазарџик, Ахмед Муса Ахмед. Тие исто така се обвинети и за пропагирање на света војна. Првиот човек на бугарската Државна агенција за национална безбедност (ДАНС), Владимир Писанчев, изјави дека уапсените не се ќелија на Исламската држава, но дека лесно можеле да станат. Тој информира дека ДАНС забележала почетоци на обиди за регрутирање на борци за ИД и повици на џихад.

XS
SM
MD
LG