Достапни линкови

Загрепчанка доброволно предала голем арсенал оружје


Жителка на Загреб денеска во полиција доброволно предала големо количество оружје. Во нејзината „збирка“ имало 52 рачни бомби, девет кумулативни бомби, 16 димни бомби, три рачни фрлачи, десет мини и големо количество детонатори, пет пиштоли, осум пушки, пушкомитралез, четири придушувачи и околу 9.000 куршуми со различен калибар. Полицијата уште еднаш потврди дека секој кој доброволно ќе го предаде оружјето за кое не поседува дозвола, ќе биде ослободен од судско гонење. Полицијата апелираше до граѓаните да го предадат оружјето без да се плашат дека ќе бидат казнети и оти полицијата гарантира анонимност.

XS
SM
MD
LG