Достапни линкови

logo-print

Мала веројатност за мировници на ОН во Украина


Рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин.

Рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин.

Рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин, изрази скептицизам за барањето на проруските сепаратисти од источна Украина за испраќање мировници на ОН. Тој оцени дека такво нешто е „малку веројатно“. Новинската агенција АФП цитираше висок европски дипломат кој вели дека нема ентузијазам за мировна мисија во Украина. Лидерите на самопрогласената Доњецка Народна Република вчера побараа распоредување на мировници на ОН, меѓу кои ќе има и Руси. Украинската влада смета дека тоа е изговор руски војници да влезат во Украина, која тврди дека во земјата веќе има руски војници кои учествуваат во конфликтот на страна на бунтовниците.

XS
SM
MD
LG