Достапни линкови

Забрана за учество на избори за проруска партија во Молдавија


Молдавската изборна комисија денеска ѝ забрани на проруска партија да се кандидира на парламентарните избори. Во образложението се наведува дека партијата Патриа, односно Татковина, е тргната од гласачките ливчиња поради тоа што примила финансиска помош од странска држава. На чело на партијата е рускиот бизнисмен со молдавски потекло Ренато Усатии. Апелациониот суд оваа недела треба да се изјасни за ова прашање. Парламентарните избори во Молдавија се закажани за 30 ноември.

XS
SM
MD
LG