Достапни линкови

logo-print

Лавров - Русија ја поддржува Сирија во борбата против тероризмот


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Русија и Сирија се согласиле дека тероризмот е главна закана за стабилноста на Блискиот Исток. Зборувајќи по денешната средба со неговиот сириски колега Валид ал-Моалем во Москва, Лавров рече дека Русија ќе продолжи да ја поддржува Сирија „во борбата против оваа закана“. Лавров исто така рече дека Москва ги осудува обидите да се користат терористички организации за промена на режимот во Сирија. Москва, која е долгогодишен поддржувач на режимот на претседателот Башар ал-Асад, се обидува да ги рестартира мировните разговори за Сирија кои беа прекинати во февруари. Сириската опозиција и западните земји бараат повлекување на претседателот Асад. Русија ја критикува акцијата на коалицијата предводена од САД против борците од Исламската држава во Сирија и смета дека таа е спротивна на меѓународното право. Москва инсистира Сирија и Ирак да се закајнат за да може да се борат против тероризмот.

XS
SM
MD
LG