Достапни линкови

logo-print

Ахмети се сретна со американскиот амбасадор Волерс


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, и амбасадорот на САД, Пол Волерс, на денешната средба разговарале за политичките случувања во Македонија, улогата на опозицијата, евроатланските интеграции и за спорот за името. Во соопштението од ДУИ се наведува дека важноста што ДУИ му ја посветува на евроатланскиот интегративен процес е приоритетна затоа што Македонија во НАТО и ЕУ може да биде стабилна земја, во мир и сигурност, со здрави меѓуетнички и соседски односи, економски развој и општествена благосостојба. Затоа, како што се наведува во соопштението, Ахмети смета дека улогата на САД во олеснувањето на постигнувањето решение меѓу Скопје и Атина е од клучно значење и е неопходно. Успехот на овој процес, стои во текстот, има големо влијание во негувањето здрави меѓуетнички односи, но и во спроведувањето на реформите во земјата за постигнување на меѓународните стандарди.

XS
SM
MD
LG