Достапни линкови

Клучот за кризата во Украина е во Москва


Литванскиот министер за надворешни работи Линас Линкевициус.

Литванскиот министер за надворешни работи Линас Линкевициус.

Клучот за решение на кризата во Украина е во Москва, рече литванскиот министер за надворешни работи Линас Линкевициус.

„Ние се соочуваме со надворешна агресија, затоа што знаеме дека има трупи, лансирање на ракети, тенкови кои влегуваат во Украина однадвор“, изјави тој за Радио Слободна Европа.

Украина и проруските сепаратисти се борат од април. На прашањето дали ЕУ прави доволно за да изврши притисок врз Русија за Украина, литванскиот министер рече дека Унијата мора да дејствува навремено и соодветно, а не со половични мерки. Тој рече дека Западот мора да ја поддржува Украина и политички и економски и воено, особено што земјата се соочува со надворешна агресија.

XS
SM
MD
LG