Достапни линкови

Скопје создава речиси половина од македонскиот БДП


Скопскиот регион со 42,8 проценти има најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Македонија, а Североисточниот со 5,5 отсто најмало. Скопскиот регион остварува и за 44,8 проценти повисок бруто-домашен производ по жител од просечниот на републичко ниво, а по него следат Југоисточниот и Вардарскиот регион со повисок производ за 11,4, односно 4,2 отсто. Најмал бруто-домашен производ по жител има во Полошкиот регион и тој е за 52,6 отсто понизок од просечниот во Република Македонија. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика за 2012 година.

XS
SM
MD
LG