Достапни линкови

logo-print

Спомен плоча кај Вратница за паднат американски бомбардер


Спомен плоча посветена на шестмина загинати и тројца преживеани американски пилоти, но и за несебичната помош што жителите на тетовското село Вратница им ја укажале на американските пилоти денеска беше свечено откриена на гробиштата во Вратница од страна на амбасадорот на САД Пол Волерс и министерот за одбрана Зоран Јолевски. Спомен плочата е потсетник на настанот од 26 август 1944 година кога американски бомбардер Либератор B-24G, наречен Наша Љубов на враќање од мисија во Романија каде бил погоден од противвоздушната одбрана паднал на падините на Шар Планина над Вратница на три часа одење од селото. Жителите на Вратница тогаш веднаш се упатиле на местото од падот и им помогнале на преживеаните тројца кои веднаш потоа биле заробени од окупаторската бугарска полиција додека селаните ги погребале телата и остатоците од шесттемина загинати Американци покрај црквата на гробиштата. По ослободувањето, членовите на нивните семејства дошле во Вратници ги ексхумирале телата и ги пренеле во САД.

XS
SM
MD
LG