Достапни линкови

Јункер претстави огромен инвестициски план за Европа


Шефот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, претстави огромен инвестициски план вреден 315 милијарди евра за поттикнување на европската економија.

„Треба да им испратиме порака и на Европа и на остатокот од светот: Европа се враќа во игра“, рече денеска Јункер пред Европскиот парламент во Стразбур.

Планот треба да биде одобрен од лидерите на 28 земји членки на Унијата на Самитот во декември. Јункер се надева дека со планот ќе се зголеми бројот на работни места, што е очајно потребно.

XS
SM
MD
LG