Достапни линкови

Ердоган: САД се безобѕирни во притисокот врз Анкара


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека САД се безобѕирни во притисокот врз Анкара да помогне во одбраната на сирискиот град Кобане, кој е под опсада на џихадистите од Исламската држава. Вашингтон врши притисок врз Анкара за користење на турската воздухопловна воена база Инџирлик во регионот Адана, во јужна Турција за американските авиони во воздушните напади врз екстремистите од ИД. Односите меѓу САД и Турција се влошија изминатите неколку месеци поради неподготвеноста на турски власти Турција воено да се вклучи во меѓународната коалиција против џихадистите во Ирак и Сирија. Американскиот потпретседател Џо Бајден и Ердоган без поголем успех се обидоа минатиот викенд да ги помират ставовите во борбата против ИД.

XS
SM
MD
LG