Достапни линкови

logo-print

Нов напад против здравствени работници во Пакистан


Илустрација.

Илустрација.

Пакистанската полиција соопшти дека вооружени напаѓачи денеска убиле три жени кои работеле на кампањата за вакцинирање против детска парализа, како и нивниот возач. Нападот се случил во градот Ќета во западен Пакистан во близина на границата со Авганистан. Милитантите често ги напаѓаат здравствените работници вклучени во вакцинирањето против детска парализа, тврдејќи дека програмата за имунизација е покритие за шпионажа. Нападите доведоа до зголемување на бројот на заболени од полио на рекордно ниво во последните 15 години. Пакистан е една од трите земји во светот во кои детската парализа е ендемична. Светската здравствена организација оваа година регистрирала 235 случаи на полио во Пакистан.

XS
SM
MD
LG