Достапни линкови

Меркел - Русија го предизвикува мирот во Европа


Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека руските активности во Украина се прекршување на меѓународното право и закана за мирот во Европа.

„Ништо не го оправдува директното или индиректно учество на Русија во борбите во Доњецк и во Луганск“, рече таа во денешното обраќање пред германскиот парламент.

Меркел изјави дека руските активности „го ставаат под прашалник мирниот поредок во Европа и го прекршуваат меѓународното право“, но посочи дека нема брзо решение на проблемот и оти треба трпение.

Германија станува сè повеќе фрустрирана поради одбивањето на Москва да ги послуша западните повици и да престане да ги поддржува проруските сепаратисти кои држат под контрола големи делови од провинциите Доњецк и Луганск во источна Украина. Блиските односи меѓу Русија и Германија се заострени поради кризата во Украина.

XS
SM
MD
LG