Достапни линкови

logo-print

Вицепремиерот Бесими во Стразбур


Фатмир Бесими

Фатмир Бесими

Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, од денеска се наоѓа во посета на Европскиот парламент и на Советот на Европа, јавува дописникот на МИА од Стразбур. Посетата на Бесими се совпаѓа со одржувањето на 12Мешовит парламентарен комитет Македонија-Европска унија, кој започнува попладне во Еропскиот парламент и ќе трае до утре напладне. Бесими ќе имаодвоени средби со повеќе европратеници, како Ричард Ховит, Алојз Петрле, Моника Маковеј. Тој утре треба да се сретне со известувачот во ЕП за Македонија Иво Вајгл и претседателот на Комисијата за надворешни работи Елмар Брок. Попладне Бесими ќе биде примен одгенералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд.

XS
SM
MD
LG