Достапни линкови

На над 12 милиони сиријци им треба хуманитарна помош


T

T

Шефот за хуманитарни операции на Обединетите нации Валерија Амос изјави дека на околу 12 милиони и 200 илјади сиријци им е неопходна помош поради интензивирањето на насилствата и влошувањето на условите за живот во таа земја. Таа побара од Советот за безбедност на Обединетите нации да ја продолжи дозволата на испорака на помош и покрај тоа што таа не е одобрена од сириските власти. Според неа, сириската економија од 2011 година бележи пад за 40 насто и оти три четвртини од населението живее во сиромаштија. Над 7 ипол милиони сиријци се внатрешно расселени, додека над 3 милиони ја напуштиле земјата. Тоа, според Амос, било најголемо расселување во еден конфликт досега.

XS
SM
MD
LG