Достапни линкови

Франција суспендира испорака на воен брод на Русија


 „Владивосток“

„Владивосток“

Франција ја одложи до, како што се наведува, „наредна одлука“ испораката на еден воен брод на Русија поради кризата во Украина. Претседателот Франсоа Оланд оцени дека сегашната ситуација во источна Украина се уште не дозволува првиот од двата брода од класата „Мистрал“ да и биде предаден на Русија. Станува збор за бродот „Владивосток“ кој требаше Москва да го добие кон крајот на октомври. Вториот брод „Севастопол“ е во изградба и треба да биде завршен во наредната година. Руското министерство за одбрана предупреди дека неиспораката скапо ќе ја чини Франција. Аналитичарите сметаат дека Париз е под притисок на Западот за да не и ги испорача бродовите на Москва.

XS
SM
MD
LG