Достапни линкови

Киев: нова руска воена помош во источна Украина


Украина ја обвини Русија дека продолжува да испраќа воена помош за проруските сепаратисти во источниот дела на земјата. Украинското министерство за надворешни работи соопшти дека пет колони со тешка опрема биле забележани како влегуваат на украинска територија. Се прецизира дека станува збор за 85 возила кои влегле во Украина на граничниот премин Изварине. Во меѓувреме, украинската армија соопшти дека еден војник бил убиен, а петмина други ранети во спорадичните престрелки со сепаратистите во изминативе 24 часа. Во шестмесечниот конфликт на истокот на Украина загинале над 4 илјади и 300 луѓе.

XS
SM
MD
LG