Достапни линкови

Националната гарда на улиците на Фергусон


Бројот војници на улиците во Фергусон, Мисури бил значително зголемен по нередите предизвикани од одлуката на големата пората да не покрене обвинување против полицаецот кој застрела едно црно момче во август годинава. Гувернерот Џеј Никсон изјави дека на улиците во Фергусон, предградие на Сент Луис имало околу 2 илјади и 200 припадници на Националната гарда. Полицијата соопшти дека во нередите биле запалени десетина згради и оти биле уапсени шеесетина луѓе за грабеж, недозволено носење оружје и илегално собирање. Американскиот претседател Барак Обама го осуди насилството.

XS
SM
MD
LG