Достапни линкови

Меси со рекорд во Лигата на шампионите


Лионел Меси постигна уште еден рекорд во неговата фудбалска кариера. Напаѓачот на Барселона постигна хет трик во синоќешниот меч во кој неговиот тим со 4 спрема 0 го победи АПОЕЛ од Никозија. Сотоа 27 годишниот Аргентинец има постигнато 74 голови, најмногу досега во Лигата на шампионите.Од другите синоќешни мечеви се издвојува нерешениот резултат меѓу Рома и ЦСКА од Москва, еден спрема еден и победата на Манчестер Сити врз Баерн од Минхен со 3 спрема 2. Хет трик постигна Серџио Агуеро, два гола во последните неколку минути од натпреварот.

XS
SM
MD
LG