Достапни линкови

Времето денеска: променливо облачно


Во Македонија ќе биде променливо облачно со појава на магла по одделни котлини. Попладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, кои во ноќните часови ќе се прошират и во останатите подрачја. Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната од шест до 11 степени. Во Скопје променливо облачно со слаба магла. Во вечерните часови ќе има услови за слаб дожд. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до седум степени.

XS
SM
MD
LG