Достапни линкови

Туристички локации за побрз локален развој


Во Дебар беше промовира туристичката локација мостот „Еленски скок“. Со проектот на Советот на Европа се поддржува локален развој на регионите преку искористување на културните и природните богатства.

Промовирањето на туристичката локација мостот „Еленски скок“ во регионот на Мала Река е само една од многубројните туристички локалитети кои ќе ги има во скора иднина во Дебарско – реканскиот регион. Пилот проектот на Советот на Европа кој се спроведува и во Република Македонија, поддржува локален развој на регионите преку искористување на културните и природните богатства, кои во најзападниот регион на Македонија ги има во изобилство.

Покрај овој значаен мост, во Дебар има и други бројни културни знаменитости, но до сега многу малку е инвестирано за нивно одржување.

Во општина Дебар малку е инвестирано на тој план за заштита на културните знаменитости, а по промовирањето на туристичката локација мостот „Еленски скок“, се верува дека ќе се инвестира и во други слични локации, вели градоначалникот на Дебар, Ружди Љата.

Ружди Љата, градоначалник на Дебар.

Ружди Љата, градоначалник на Дебар.

„Покрај овој значаен мост, во Дебар има и други бројни културни знаменитости, но до сега многу малку е инвестирано за нивно одржување. Во последните 20-тина години е инвестирано само во реконструкцијата на куќата со староградска дебарска архитектура на семејството Села, потоа градскиот Амам и сега на локацијата „Еленски скок“. Овој мост покрај големото културно значење што го има, исто така го карактеризира и фактот што него од изградбата заедно го користат и муслимани и христијани кои живеат во овој регион“, рече Љата.

Како основна цел на овој пилот- проект кој има големо значење е вклучувањето на културното и природното наследство како ресурс во одржливиот развој на овој регион.

Постојат сите услови во регионот Дебар – Река преку бројните туристички локации и заштита на културните историски споменици да се подобри и материјалната благосостојба на населението, истакнува координаторката на овој пилот-проект Снежана Герасимова Матевска.

„Како основна цел на овој пилот- проект кој има големо значење е вклучувањето на културното и природното наследство како ресурс во одржливиот развој на овој регион. Со тоа фактички се спречува уништувањето на културното и природното наследство во регионот каде што го има наголемо, но и за да се создаваат услови за да се задржи овде населението, бидејќи има силна миграција. Овие проекти создаваат можности за да се спречи депопулацијата и миграцијата и да се овозможи економски раст на регионот.“

Локалните власти во општините Дебар и Маврово- Ростуше веќе договорија и со сопствени средства да продолжат свои активности преку инвестиции во промовирање на нови туристички локации од кои материјални ефекти ќе имаат и локалните власти.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG