Достапни линкови

Белорускиот министер за одбрана поднесе оставка


Јуриј Жадобин.

Јуриј Жадобин.

Белорускиот министер за одбрана Јуриј Жадобин поднесе оставка, што според аналитичарите може да е дел од напорите на претседателот Александар Лукашенко за подобрување на борбената подготвеност на земјата. Кабинетот на Лукашенко денеска соопшти дека 60-годишниот генерал се повлекол од функцијата поради тоа што одлучил да се пензионира. Белорусија е загрижена поради руската вмешаност во конфликтот во источна Украина. И покрај тоа што Белорусија е најблискиот сојузник на Русија, Лукашенко прикриено ја предупредува Русија да не го нарушува нејзиниот територијален суверенитет. Жадовин беше министер за одбрана од 2009 година, а пред тоа беше шеф на КГБ во земјата.

XS
SM
MD
LG