Достапни линкови

logo-print

Наместо сузбивање на семејното насилство зачестија семејните убиства


Невладините организации за борба против насилство врз жени најавија дека ќе организираат протест секој 25-ти во месецот во наредниот период додека не добијат одговори дали овие убиства можело да бидат спречени.

Последните убиства врз 16 жени во последните шест години извршени од сегашни или поранешни партнери на жртвите ја алармираа јавноста. Невладините организации за борба против насилство врз жени најавија дека ќе организираат протест секој 25-ти во месецот во наредниот период додека не добијат одговори дали овие убиства можело да бидат спречени.

Овој протест ќе го организираме секој 25 во месецот додека не добиеме одговор на овие прашања: Дели можеше да се спречи трократното убиство во Кавадарци, дали двојното убиство и самоубиство во Аеродром можеше да биде спречено, дали убиството во Ново Лисиче можеше да биде спречено? Колку жени треба да го изгубат својот живот за конечно да преземете нешто. Сакаме да го прашаме министерот, ако тоа беше ваша сестра, ваша мајка, пријателка, ќе реагиравте можеби поинаку?

Елена Димушевска од Националната мрежа против насилство врз жените вели дека во поголемиот дел од овие случаи било пријавено насилство и затоа го прашуваат министерот за труд и социјална политика Диме Спасов има ли и каде е пропустот на институциите.

„Овој протест ќе го организираме секој 25 во месецот додека не добиеме одговор на овие прашања: Дели можеше да се спречи трократното убиство во Кавадарци, дали двојното убиство и самоубиство во Аеродром можеше да биде спречено, дали убиството во Ново Лисиче можеше да биде спречено? Колку жени треба да го изгубат својот живот за конечно да преземете нешто. Сакаме да го прашаме министерот, ако тоа беше ваша сестра, ваша мајка, пријателка, ќе реагиравте можеби поинаку?“, рече Димушевска.

Од утрово што се случи во Злетово, кога поранешниот зет ги усмрти и бабата и дедото, тоа е недозволиво и смета дека целата јавност во државата ја подигна свеста за проблемот насилство и денес тоа веќе не е личен проблем, туку проблем на општеството.

Женските невладини организации бараат од институциите да ја сфатат сериозноста на проблемот и го прашуваат министерот Спасов колку четирите отворени шелтер центри се навистина функционални и доволни да бидат сместени сите жени кои имаат потреба од помош. Тие сметаат дека е потребно да се отвори шелтер центар во секој регион, како и бесплатна линија на која ќе може во секој момент да се пријави насилство.

На протестот пред ресорното министерството имаше транспаренти во кои се укажува дека не смее да се толерира насилството што се случува пред очите на институциите. Савка Тодорова од Националниот совет за родова рамноправност укажа и на последното тројно убиство што се случи во Злетово и оти насилството врз жени е во пораст во изминатите години наназад.

„Од утрово што се случи во Злетово, кога поранешниот зет ги усмрти и бабата и дедото, тоа е недозволиво и смета дека целата јавност во државата ја подигна свеста за проблемот насилство и денес тоа веќе не е личен проблем, туку проблем на општеството“, рече таа.

Во врска со тројното убиство во Злетово, МВР во меѓувреме информира дека попладнето во бачило во близина на градот е пронајден обесен маж за кого е утврдено дека е 40-годишниот професионален војник Драган Маноилов, кој го извршил убиството. Маноилов, според првичните сознанија на полицијата, изутрината ги убил родителите на неговата поранешна сопруга и чичкото на момче за кое тој се сомневал дека е во врска со неа.

Инаку, денешниот протест невладините организации го организираа по повод 25 ноември, Меѓународен ден за елиминација на насилството врз жените. За прв пат овој ден е одбележан во 1999 година со резолуција на Обединетите нации. Според статистичките податоци, секоја втора жена во светот е жртва на насилство.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG