Достапни линкови

Извршил три убиства па се обесил


Илустрација.

Илустрација.

Пронајдениот маж обесен во бачило во близина на Злетово е 40-годишниот професионален војник Драган Маноилов, осомничен за денешното тројно убиство, потврди МВР. Телото го идентификувале негови блиски роднини. Маноилов, според првичните сознанија на полицијата, изутрината ги уби родителите на неговата поранешна сопруга и чичкото на момче за кое тој се сомневал дека е во врска со неа. Маноилов бил пријавуван во полицијата и во Центарот за социјални работи за насилство. За ова тој има веќе две кривични пријави, една за семејно насилство, а втората за крвничко претепување токму на момчето за кое се сомневал дека е во некаква врска со неговата поранешна сопруга. Сторителот на тројното убиство како професионален војник во АРМ бил вработен во 2001 година и еднаш бил во мировната мисија ИСАФ во Авганистан.

XS
SM
MD
LG