Достапни линкови

Трикратниот убиец од Злетово се обесил?


Илустрација.

Илустрација.

Обесен маж за кого се претпоставува дека е 40-годишниот професионален војник Драган Маноилов, осомничен за денешно тројно убиство во Злетово, бил пронајден попладнево во бачило во близина на градот. Полицијата информира дека се работи на утврдување на идентитетот на обесеното лице. Маноилов, според првичните сознанија на полицијата, изутрината ги уби родителите на неговата поранешна сопруга, а чичкото на момче за кое се сомневал дека е во врска со неговата екс сопруга. Убиецот имал две деца со неговата поранешна сопруга. Маноилов бил и пријавуван во полицијата и во Центарот за социјални работи за насилство. За ова од полицијата потврдуваат дека тој има веќе две кривични пријави, една за семејно насилство, а втората за крвничко претепување токму на момчето за кое се сомневал дека е во некаква врска со неговата поранешна сопруга. Маноилов работел во АРМ и во два наврати бил и во мировна мисија и во Авганистан.

XS
SM
MD
LG