Достапни линкови

Средба меѓу претседателите на Казахстан и Узбекистан


Узбекистанскиот претседател Ислам Каримов и неговиот казахстански колега Нурсултан Назарбаев на денешната средба во Астана ја нагласија важноста на нивните билатерални односи за регионалната безбедност. Ретката билатерална средба меѓу двајцата лидери, познати по меѓусебните не толку добри односи, се случува во време на загриженост во поранешните советски републики поради руските активности во Украина. Каримов изјави дека „во услови на брзо менување на состојбите во современиот свет“, сите држави се трудат „да најдат поддршка од нивните блиски соседи“. Назарбаев, пак, рече дека „стабилноста и развојот на целиот регион зависи од позицијата и заедничката работа на Казахстан и Узбекистан“. Во соопштението од неговиот кабинет се наведува дека двајцата лидери разговарале за билатерална трговија, енергетика, транспортни прашања и за културните врски.

XS
SM
MD
LG