Достапни линкови

logo-print

Папата Франциск побара од „бабата“ Европа да заживее


Папата Франциск, во првото папско обраќање пред Европскиот парламент по 25 години, изјави дека сака да „ја заживее“ Европа, која се доживува како стара и уморна. Во денешното обраќање пред европратениците во Стразбур, Папата Франциск рече дека ЕУ често се доживува како „баба“, која не е „плодна и енергична“ и ги повика пратениците да го вратат нивниот фокус на човековите права и човечкото „достоинство“. Тој исто така ги повика европските држави да покажат поголемо прифаќање на мигрантите и да не дозволат Средоземното Море да стане „голема гробница“, алудирајќи на стотиците бегалци од Африка и од Блискиот Исток кои загинаа обидувајќи се со брод да стигнат до Европа. Папата исто така рече дека европските „некогаш големи идеи“ се заменети со бирократија. Ова е прво обраќање на еден Папа пред Европскиот парламент по 1988 година, кога на европратениците им се обрати Папата Јован Павле Втори.

XS
SM
MD
LG