Достапни линкови

Руски ЛГБТИ активист побарал азил во Германија


Илустрација.

Илустрација.

Познатиот руски новинар и активист за правата на хомосексуалците, Артур Ахметгалиев, побара политички азил во Германија. Тој работи во телевизијата 100ТВ од Санкт Петерсбург. Ахметгалиев ја разбранува јавноста со серија емисии за прекршувањето на правата на геј заедницата во Русија. Градските власти во Санкт Петерсбург во 2012 година ја криминализираа дистрибуцијата на геј „пропаганда“ меѓу малолетници, што беше модел за националниот закон што беше потпишан од страна на претседателот Владимир Путин минатата година. Во една од емисиите за државни функционери што поттикнуваат хомофобија, беше посочен и претседателот Путин. Ахметгалиев изјави дека добил бројни закани, и по телефон, но и на јавните собири на ЛГБТИ заедницата. Тој, и неговиот партнер, чие име не се открива, побарале азил во Германија каде што се сместени во бегалски камп.

XS
SM
MD
LG