Достапни линкови

logo-print

Уапсен поранешен азербејџански функционер


Поранешниот заменик министер за одбрана на Азербејџан, Мехман Салимов, е уапсен под обвиненија за корупција. Јавното обвинителство денеска соопшти дека Салимов е осомничен за злоупотреба на функцијата и проневера на државни пари. Не се соопштуваат детали за случајот. Салимов беше заменик министер од 1995 до 1999 година. Тој беше одговорен за политички и социјални прашања во Министерството за одбрана.

XS
SM
MD
LG