Достапни линкови

logo-print

Професионален војник осомничен за тројното убиство во Злетово


Илустрација.

Илустрација.

Четириесетгодишниот професионален војник Драган Маноилов, според првичните информации, е осомничен за тројното убиство што се случи изутринава во Злетово во близина на Пробиштип, објави државната новинска агенција МИА.

На местото на убиството и околината присутни се засилени полициски сили, кои сè уште трагаат по осомничениот за кој не се знае дали е вооружен. Маноилов во време на убиството бил на службена должност

Инаку, убиени се двајца повозрасни мажи и една жена, односно, како што јави дописникот на МИА од местото на настанот, се работи за таткото и мајката на неговата сопруга и за уште едно непознато машко лице.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, изјави дека во моментот во врши увид од страна на основен јавен обвинител и екипи на СВР Штип.

XS
SM
MD
LG